Пакистан
Первез Мушараф осуден на смрт
17.12.2019 10:41
На Мушараф му се судеше во отсуство бидејќи неколку години претходно ја напушти земјата заради лекување. Пресудата ја слушна во тешка состојба во болница во Дубаи.

Пакистанскиот Врховен суд го осуди поранешниот претседател на земјата, Первез Мушараф на смртна казна поради велепредавство.
На Мушараф му се судеше во отсуство бидејќи неколку години претходно ја напушти земјата заради лекување. Пресудата ја слушна во тешка состојба во болница во Дубаи.
Изјави дека судењето не било фер бидејќи се случувало во негово отсуство. Мушараф има право на жалба на одлуката.
