Ременски на распит кај Рускоска
17.12.2019 10:57
Потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски вчера изјави дека не видела докази против неа...
Откако заврши со увидот во доказите, потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски, денеска треба да даде исказ пред обвинителката Рускоска за случајот „Рекет 2“. Таа вчера изјави дека не видела докази против неа.
И потпретседателката на невладината „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, даде исказ за покренатата истрага за изградба на старечки домови, поради која е во домашен притвор.
Обвинителката Рускоска најави дека за вториот дел од „Рекет“ во почетокот на јануари ќе биде поднесено обвинение.
