„Медена земја“ во потесен избор за Оскар во две категории

17.12.2019 11:01

Американската филмска академија синоќа објави скратени листи за номинации за Оскар од филмовите што се кандидати за престижната награда.

Документарниот филм „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска влезе во потесен круг за наградите Оскар во две категории – за документарци и за странски филм, за 92-то доделување кое ќе се одржи на 9-ти февруари во Лос Анџелес.

Американската филмска академија синоќа објави скратени листи за номинации за Оскар од филмовите што се кандидати за престижната награда.

Нашиот филм е меѓу 15 остварувања кандидадти за најдобар документарен филм селектирани од 159-те пријавени во оваа категорија.

Исто така, „Медена земја“ влезе и во потесен круг од 10 филмови за Оскар за најдобар меѓународен долгометражен филм, категорија во која беа кандидирани 91 филм. Конкуренција на нашиот филм во оваа селекција му е новиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар „Болка и слава“ и јужнокорејскиот „Паразит“ на Бонг Јон-хо (добитникот на „Златна палма“) и уште  седум филмови од Чешка, Естонија, Франција, Унгарија, Полска, Русија и Сенегал.

Номинираните во сите категории Академијата ќе ги соопшти на 13 јануари 2020.