УЧИЛИШТЕН ИНФОРМАТОР

Соработка на училиштето „Гошо Викентиев“ од Кочани со локална компанија

17.12.2019 09:49

Локалната компанија за производство на кабли покрај донираната опрема, изврши реновирање на работилницата каде што дел од часовите по практична настава ги изведуваат учениците, а за време на распустите ќе се врши обука на невработени лица.

Со години во училиштето „Гошо Викентиев“ од Кочани  се реализираат разни проекти кои се  многу интересни и се од особен интерес за учениците.

Проектот „Со обука до вработување“ чиј иницијатор и финансиер е УСАИД  со кофинансирање од страна на локална фирма за изработка на кабли  и училиштето успешно се реализира. Целта на овој проект е да се изврши обука на кандидати од училиштето, но и од локалната заедница за директно вработување во компанијата. Процесот вклучува обука, тестирање и вработување.

Соработката на училиштето со компанијата за изработка на кабли од Кочани  продолжува. По успешната реализација на проектот "СО ОБУКА ДО ВРАБОТУВАЊЕ" преку кој беа обучени и вработени во компанијата, дваесетина ученици од училиштето „Гошо Викентиев“  започна со реализација на сличен проект во кој како партнер се јавува Швајцарска агенција за обука на млади од 19 до 29 години и нивно вработување.
Во меѓувреме локалната компанија за производство на кабли покрај донираната опрема, изврши реновирање на работилницата каде што дел од часовите по практична настава ги изведуваат учениците, а за време на распустите ќе се врши обука на невработени лица.

Агендата на реализација на проектот е 2 месеца. Вклучен е процес на обука, креирање на обучен центар во училиштето како комплетна логистика на сите локални партнери од бизнис секторот. Во перспектива е проектот „Креирање обучен центар за потребите на локалната заедница“ што треба да почне со работа од февруари 2020 година.

Радмила Гиевска