Меркел: На Германија очајно ѝ недостасува работна сила
Во Германија во моментов има 1,3 милиони испразнети работни места...

Германија на почетокот на 2020 година ќе донесе нов закон за олеснување на „увозот“ на квалификувани работници од земјите кои не се членки на Европската унија. Ова го најави Ангела Меркел признавајќи дека на германскота индустрија очајно ѝ е потребна работна сила.
Според последните проценки во Германија во моментов се непополнети милион и 300 илјади работни места. Во економски најмоќната членка на ЕУ веќе работат 2 милиони граѓани од некои други земји на Унијата.
„Но, тоа не е доволно и затоа мора да побараме квалификувани работници од другите земји“- изјави канцеларката Меркел. „Без доволно стручњаци ниедна економија нема да преживее“- предупреди Меркел во видео изјава која било потполно посветена на новиот закон.
Истакнала дека потребата не е само од академски образовани лица, туку и од стручни занимања.
Законот за вселување квалификувана работна сила стапува на сила на 1 март 2020 година, а целта е да се отвори патот за работниците кои не се од земјите на ЕУ, да дојдат и да останат да живеат во Германија.
