Вклучување на ранливите категории на пазарот на труд
По 25 години примање социјална помош, Осман Максути сака да работи. Преку директен грант на Агенцијата за вработување, за ранливите категории можност за вклучување на пазарот на труд. За 6 месеци вработени 370 социјални случаи. За идната година во буџетот за активните мерки за вработување наменети се 1,3 милијарди денари...
Со 4,1 милион евра европски пари 1.200 лица корисници на социјална помош ќе мигрираат од системот на социјала и ќе станат вработливи. Проектот кој ќе трае три години, со обуки и менторство ќе обезбеди лицата од ранливите категории полесно да се снајдат на пазарот на труд. Осман Максути по 25 години социјална помош го очекува своето работно место.
Социјалните работници ќе бидат распределени под семејствата. Тие ќе го водат процесот на приспособување и проценка.
Според ресорната министерка Царовска, од јуни 370 лица корисници на социјална помош веќе работат. Посочува дека во моментот на вработување или отказ од објективни причини семејствата ќе продолжат да земаат детски и образовен додаток.
Според надлежните, идната година невработеноста се очекува да изнесува 16 проценти.
Во новиот буџет, 1,3 милијарди денари се предвидени за активните мерки за вработување.
Дијана Ценевска
