Преговорите клучни за смирување на состојбата во Украина
Во Елисејската палата украинските случување се тема, за тоа како да се излезе од кризата по мирен и дипломатски пат.

Во тек е состанокот на шефовите на дипломатиите на САД, Украина, Германија, Франција и Велика Британија, а се очекува по ова директно да разговараат шефовите на дипломатиите за Америка и на Русија од Москва претседателот Путин ја упати пораката дека нема да дозволи кризата да повлиаје на економската соработка со традиционалните партнери.
Западните земји во Париз се согласија дека директните преговори меѓу Киев и Москва се клучни за смирување на тензиите и повикаа на итно распоредување на меѓународни набљудувачи во Украина. На средбата меѓу американскиот и рускиот шеф на дипломатијата, се очекува вечерва во Париз да се доближат ставовите околу начинот како да се намалат тензиите околу Крим.
Крим мора да остане во Украина, а новата власт е расположена да ги зголеми овластувањата на регионалната власт.
Украинската криза и американското барање за економска изолација на Русија ги подели државите на Унијата. Една од причините за ова е енергетската зависност на европските земји од руска нафта, гасот како и рускиот капитал. Посебно банкарите од Велика Британија не се санкции против Москва ниту пак се за затворање на Лондон како финансиски центар за рускиот капитал.
За рускиот претседател Путин е многу битно, кризата да не се одрази врз економската соработка со партнерите.
Моменталните политички тензии, не треба да ја намалат економската соработка со нашите традиционални парнери. Се надевам дека ќе биде избегнато влошувањето на спорот со западот околу Украина.
Во меѓувреме Брисел изработи пакет мерки за економска помош на Украина од 11 милијарди евра што ќе ги добие доколку Киев го потпише договорт за стабилизација. План за економска помош донесоа и американците.
Но за тоа каква ќе биде политиката на Унијата кон Русија но и кон американското барање, ќе се дознае по состонокот на лидерите на Унијата што ќе се одржи утре, особено кога ќе се знае што ќе донесе новиот закон на рускиот парламнет со кој се предвидува одемање на имотот и сметките на европските и американски фирми доколку се наметнат санкциите кон Русија.
Мирјана Василева
