Аграр

Привршува пријавувањето за субвенции за жени носители на земјоделските стопанства

18.12.2019 10:17

Жените кои се носители на земјоделските стопанства и се запишани во регистарот на министерството за земјоделство имаат право на еднократна финансиска помош од 3.000 евра. Пријавувањето е до 26-ти декември годинава...

Жените фармери на кои се води стопанство ќе добијат неповратна финансиска поддршка од 3.000 евра. Оваа е нова мерка со цел да се подобри економската состојба на жените во земјоделскиот сектор.

Крајниот рок за доставување на барањата е 26- ти декември.

Корисници на оваа мерка можат да бидат земјоделски стопанства чиј управител е жена, запишани во Единствениот регистар на Министерството.

Со овие пари може да се набави опрема за постбербени активности за овошје и зеленчук, житарици и мелнички производи,потоа млеко, месо и нивни преработки и опрема за собирање и чување на земјоделското производство .

Прифатлива инвестиција е и набавка на опрема за ладење и замрзнување, за сечење, конзервирање, сушење и етикетирање на производи.

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања по различни мерки од Програмата за рурален развој.

Методија Трајков