Православните христијани го празнуваат Св. Никола Чудотворец
Св. Никола е еден од најпочитуваните светци. Роден е во малоазискиот град Патара. Живеел во 4 век...

На 19-ти декември православните христијани го празнуваат Св. Никола Чудотворец. Св. Никола е еден од најпочитуваните светци. Роден е во малоазискиот град Патара. Живеел во 4 век.
Кога недовите родители Теофан и Нина починале, Св.Никола го разделил наследеното богатство. Го одгледувал чичкото, архиепископот Патарски, под чие будно око тој напредувал во црковната хиерархија.
По смртта на неговиот чичко, Св. Никола е избран за архиепископ мирликијски. Бил и еден од архиепископите кои се повиканипред царот Константин, на Саборот во Никеја во 325 година.
Се упокоил на 19 декември 343 година. Познат е како заштитник на децата, патниците, посебно морепловците, но и по тоа што им помагал на сиромашните и ги заштитувал неправедно осудените.
