Амандманска расправа за предлог- измените на Изборниот законик
18.12.2019 10:42
Првиот човек на собраниското тело вели дека службите сѐ уште работат на архивирање на илјадниците амандмани.

Денеска на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, амандманска расправа за предлог- измените на Изборниот законик. Првиот човек на собраниското тело вели дека службите сѐ уште работат на архивирање на илјадниците амандмани.
„Намерата е јасна, блокирање на законот“, вели претседателот на комисијата, Кирацовски.
ВМРО-ДПМНЕ не ги повлекува поднесените амандмани. Координаторот Мицевски изјави дека нема деловнички услови, за да се одржи седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
