Евакуирано средното уметничко училиште во Скопје, пронајдена направа што наликува на бомба

18.12.2019 10:52

МВР потврди дека полициски службеници излегле на местото на настанот и работат на расчистување на случајот. Сѐ уште се утврдува дали станува збор за школска или вистинска бомба.

Направа што наликува на рачна бомба е пронајдена изутринава покрај автомобил на паркинг просторот во близна на Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје, поради што се евакуирани сите присутни во објектот.

МВР потврди дека полициски службеници излегле на местото на настанот и работат на расчистување на случајот. Сѐ уште се утврдува дали станува збор за школска или вистинска бомба.

На учениците и наставниците им е забранет пристап до училишната зграда.