ОБЕДИНЕТО КРАЛСТВО
Скај њуз: Неделава барање за референдум за независност на Шкотска
18.12.2019 11:02
Лидерот на Шкотската национална партија (СНП), Никола Старџен, којашто е и премиер изјави дека последните избори демонстрирале важен момент за волјата на народот кој за разлика од остатокот на Велика Британија сакал да остане во сојуз со ЕУ.

Според „Скај њуз“, Никола Стерџен неделава ќе поднесе барање за втор референдум за независност на Шкотска.
Лидерот на Шкотската национална партија (СНП), Никола Старџен, којашто е и премиер изјави дека последните избори демонстрирале важен момент за волјата на народот кој за разлика од остатокот на Велика Британија сакал да остане во сојуз со ЕУ.
Премиерот Борис Џонсон чијашто партија освои најмногу гласови тврди дека мора да се почитуваат резултатите од последниот референдум во Шкотска.
