Телефонски разговор Путин – Макрон

18.12.2019 11:58

Двајцата лидери ја потврдиле важноста на решителноста во борбата против тероризмот и координацијата на напорите, но и значајноста на внатрешниот дијалог во Сирија.

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски го информираше францускиот претседател Емануел Макрон за спроведувањето на руско-турските договори во врска со ситуацијата во североисточна Сирија.

Двајцата лидери ја потврдиле важноста на решителноста во борбата против тероризмот и координацијата на напорите, но и значајноста на внатрешниот дијалог во Сирија.

Тема на разговор бил и постигнатиот договор на неодамнешната средба на Нормандиската четворка во Париз, што е во согласност со договорот од Минск.