Османи во Брисел на средба со со новиот еврокомесар за проширување Вархеjи
18.12.2019 12:17
Главна тема на разговорите ќе биде статусот на политиката на проширување на ЕУ со посебен акцент на новата методологија, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе оствари официјална средба со новиот еврокомесар за соседска политика и проширување, Оливер Вархеjи.
Главна тема на разговорите ќе биде статусот на политиката на проширување на ЕУ со посебен акцент на новата методологија, соопштија од Секретаријатот за европски прашања.
На средбата со еврокомесарот за проширување ќе се разговара и за статусот на реформите и останатите актуелности во земјава.
