ЕБОР: 194 милиони евра неповратни средства за Западен Балкан

18.12.2019 12:21

Овие неповратни средства ќе привлечат уште 400 милиони евра инвестиции од Европската банка за обнова и развој што ќе бидат искористени за изградба на две нови делници на Коридорот 10 во земјава...

Европската банка за обнова и развој, ЕУ и билатерални донатори одобрија рекордни 194 милиони евра неповратни средства за земјите од Западен Балкан за реализација на проекти во транспортот, животната средина, дигиталната инфраструктура и енергетиката.

Овие неповратни средства ќе привлечат уште 400 милиони евра инвестиции од Европската банка за обнова и развој што ќе бидат искористени за изградба на две нови делници на Коридорот 10 во земјава, како и за три нови делници на автопатот на Коридорот 5ц во Босна и Херцеговина, за обнова на косовската железничка инфраструктура, како и за изградба на мрежа за широкопојасен интернет за училиштата во руралните подрачја во Србија.

Покрај овие средства, ЕБОР и ЕУ потпишале договор за дополнителни 45 милиони евра за две програми кои што банката ги реализира во земјите на Западен Балкан: Совети за мали претпријатија и Регионален програм за енергетска ефикасност,насочен кон подобрување на енергетската ефикасност во станбениот сектор и во јавните објекти што се спроведува со Германската развојна банка –КФВ.

Свето Николовски