„Оревокршачка“ предновогодишно на сцената на Националната опера и балет

18.12.2019 13:40

Диригент е Бисера Чадловска, кореограф Василиј Иванович Ваинонен (Русија), а во главните улоги настапуваат Мими Поп Алексова Атанасовска (Клара) и Бобан Ковачевски (Принц)...

На 28-ми декември балетот „Оревокршачка “ од Петар Илич Чајковски  традиционално предновогодишно повторно на сцената на Националната опера. Овој балет е ултимативна новогодишно- божиќна бајка, мириса на снег, карамела и на цимет. Обоен е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не ѝ е доста од „Оревокршачка“ пред и после Нова година, секоја година.

Диригент е Бисера Чадловска, кореограф Василиј Иванович Ваинонен (Русија), а во главните улоги настапуваат Мими Поп Алексова Атанасовска (Клара) и Бобан Ковачевски (Принц). Настапуваат оркестарот, првенци, солисти и целиот балетски ансамбл при Националната опера и балет и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“.