Сугаревски:Новиот закон не важи за доградби на згради
Во рамки на Охридскиот регион пак ќе може да се легализираат само објектите што се фунакционална целина, според оценките за заштита на животна средина и кулурно наследство, рече министерот за транспорт Сугаревски.
Дивоградбите изградени до први октомври годинава ќе се легализираат со целосната сума за комуналии плус 50 проценти од неа како казна. Новиот Закон за бесправно изградени објекти нема да важи за доградби на станбени згради.
Во рамки на Охридскиот регион пак ќе може да се легализираат само објектите што се фунакционална целина, според оценките за заштита на животна средина и кулурно наследство, рече министерот за транспорт Сугаревски.
„Нема да можат да се легализираат бесправни објекти со намена А2 односно домување во станбени згради како и бесправни доградби и надградби на зградите на пример терасите. Исто така со законот не можат да се легализираат бесправно изградените објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство“, изјави министерот Сугаревски.
Министерот нагласи дека имателите на бесправни објекти имаат обврска да достават барање во рок од шест месеци од денот на влегување во сила на законот, како и обврска од шест месеци од моментот кога се известени дека нивното барање не е комплетно, да ја достават потребната документација.
