Ќе се субвенционираат и брзорастечките дрвја

06.03.2014 08:48

Годинава ќе се субвенционираат и таканаречените брзорастечи дрвја од видот паловнија. одгледувачите заинтересирани за оваа култура ќе добиваат по 6.000 денари за хектар.

Државата излезе во пресрет на одгледувачите на брзорастечките дрвја од видот паловнија. Поради зголемениот интерес од страна на фармерите годинава се воведе и субвенција од 6.000 денари по хектар. Минималната  површина треба да изнесува  0,2 хектари и кои се наоѓаат на надморска висина поголема од 700 метри.

Ограничувањата според ресорното министерство е поради тоа што не треба да се користат плодни почви погодна за производство на храна, односно да се избегне интензивно садење на дрвја на квалитетна земјоделска површина.

Со одгледувањето на паловнијата, велат од министерството, се заштитува и шумскиот фонд поради добивањето на квалитетна дрвна маса.

Приврзаниците на ова производство пресметале дека инвестицијата за еден хектар насад за првите 5 години изнесува 7 до 8.000 евра, а приходот  со сегашните цени на дрвната маса би бил скоро 120.000 евра.   

 

Методија Трајков