Политика

Мицкоски: Власта го изгуби интересот за носење на закон за независно судство

18.12.2019 15:53

Власта го изгуби интересот за носење на закон за независно судство, затоа што сите афери кои се случуваат сакаат да останат несанкционирани, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Според него, нема реакција за „Рекет“ и другите афери, затоа што како што рече, во брак се мафијата, власта и дел од судско- обвинителската фела.

Освен тоа што е извор на криминал, власта е главна пречка за правдата. Се блокираат истрагите за десетици афери, за да не се дознае улогата на првите луѓе на владата. Јасно e зошто Заев го загуби интересот за носење закон за независно јавно обвинителство, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Праша зошто Владата, и како што рече, инструираното обвинителство молчат за аферите Рекет 1 и Рекет 2, Леонардо, Инсулин, аферата со централата ТЕ-ТО и уште многу други. Реакција, вели нема, затоа што станува збор за брак меѓу мафијата, власта и дел од судско- обвинителската фела.

„Освен тоа што е извор на криминал, власта е главна пречка за правдата и затоа се блокираат истрагите за десетици афери, за да не се дознае улогата на првите луѓе на владата. Ваквото бегање од одговори е и аларм дека им се ближи крајот, и дека ова се очајни обиди да се одбегне одговорност. Ако Зоран Заев сака правна држава, тогаш правната држава налага одговорност за Рекет 1, Рекет 2, Инсулин, Вирус, 200 милиони евра криминал и сите останати афери“, изјави Мицкоски.

Мицкоски праша зошто обвинителството не реагира по сведочењето на Бојан Јовановски дека на снимките од безбедносните камери од неговиот дом било очигледно каде завршила Луи Витон торбата.

Мицкоски побара обвинителството да одговори и што договарала министерка од владата во домот на Јовановски по покренување на официјалната истрага. Според него е лицемерно Заев да говори за прочистување на судството.

Викторија Милевска