МАНУ

25 години од филмот „Пред дождот“

18.12.2019 15:36

„Пред дождот“ премиерно беше прикажан на 6 септември 1994 година на филмскиот фестивал во Венеција. На 12 септември, Манчевски се закити со „Златниот лав“ и со уште неколку награди, по кои следуваа триесетина признанија на светските фестивали...

Неговиот првенец „Пред дождот“ се појави во период кога домашната кинематографија се освестуваше од долг период на дезориентираност и креативна безизлезност. Во период на редефинирање и барање на сопствениот идентитет. Мораше да се потпре на сопствените сили, а потоа да почне повторно да работи и соработува рамноправно и одговорно со други кинематографери и компетитивни пазари. Вака академиците гледаат на 25-годишнината од премиерата на најуспешниот игран филм во македонска кинематографија и најзначаен културен производ на Македонија.

35 милиметарската копија од филмот „Пред дождот“ Манчевски ја депонираше во филмскиот архив на Кинотеката.

„Пред дождот“ премиерно беше прикажан на 6 септември 1994 година на филмскиот фестивал во Венеција. На 12 септември, Манчевски се закити со „Златниот лав“ и со уште неколку награди, по кои следуваа триесетина признанија на светските фестивали.

Филмот беше номиниран и за Оскар во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, станувајќи најнаградуван филм во историјата намакедонската кинематографија.

„Њујорк тајмс“ го вброи „Пред дождот“ во листата 1.000 најдобри филмови некогаш направени.

Александра Спировска