Премиерот Заев на самит на ЦЕИ во Рим

19.12.2019 10:17

Се очекува лидерите на земјите- членки на ЦЕИ да ја истакнат важноста на европската интеграција како клучна за зајакнување на стабилноста, просперитетот и единството на континентот, како и за економската соработка во рамките на иницијативата.

Премиерот Зоран Заев ќе учествува на самит на Централно европската иницијатива (ЦЕИ) во Рим, соопшти владината прес- служба.

Се очекува лидерите на земјите- членки на ЦЕИ да ја истакнат важноста на европската интеграција како клучна за зајакнување на стабилноста, просперитетот и единството на континентот, како и за економската соработка во рамките на иницијативата.

Од 1-ви јануари 2020-та година, претседавањето со иницијативата ќе го преземе Црна Гора.