Османи на средба со австрискиот амбасадор Вуцас
Како што соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања, главна тема на средбата биле перспективите за европската интеграција на Северна Македонија, при што Османи го запознал Вуцас и со новиот реформски план кој е предвидено да се имплементира до март идната година, во пресрет на европскиот самит на Унијата.

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со новоименуваниот австриски амбасадор, Георг Вуцас. Како што соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања, главна тема на средбата биле перспективите за европската интеграција на Северна Македонија, при што Османи го запознал Вуцас и со новиот реформски план кој е предвидено да се имплементира до март идната година, во пресрет на европскиот самит на Унијата.
„Австрија повеќе пати ја има покажано поддршката за зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ, овде ќе потсетам пред сè на заложбите во текот на австриското претседателство со Унијата, како и силната поддршка на Берлинскиот процес, и секако, за нас можеби и најзначајно во овој период е австриската поддршка и придонес кон Заедничкиот нон-пејпер за подобрување на процесот на проширување“, истакна Османи.
Османи и Вуцас разговарале и за билатералните односи помеѓу двете земји во областите на европските интеграции за поддршка на земјата во текот на преговорите со ЕУ.
