Училиштен информатор: Ние децата можеме многу

19.12.2019 09:45

Му кажавме СТОП на насилството. Кажавме НЕ за дискриминацијата! Кажавме ДА за детските права. Кажавме ДА за меѓуетничката интеграција во училиштата...

Учениците, наставниците и директорот на ООУ „Дане Крапчев“ општина Гази Баба, беа домаќини на отворен ден на граѓанско образование, под мотото „НИЕ ДЕЦАТА МОЖЕМЕ МНОГУ“!

По тој повод беше приредена приредба и со големо задоволство, сите тие –големи и мали пречекаа многу гости. Пред многу возрасни, градоначалникот на општина Гази Баба, директорот на училиштето , наставниците, и пред родителите со гордост зборуваваа за граѓанските вредности .

Целиот настан помина извонредно, а за текот на настанот учениците изјавија:

Пред сите нив, го претставивме нашиот Училиштен парламент – на којшто сме особено горди

Ги презентиравме сите наши иницијативи кои се реализирани и оние за кои бараме помош и очекуваме да се реализираат.

Се покажавме како одлични млади оратори. Деца сме, но ги знаеме аномалиите на денешното општество

Му кажавме СТОП на насилството.

Кажавме НЕ за дискриминацијата!

Кажавме ДА за детските права.

Кажавме ДА за меѓуетничката интеграција во училиштата.

Горди сме на различностите во нашево училиште. Токму затоа зборувавме и пеевме на многу јазици. Горди сме на граѓанските вредности на коишто не учат содржините од предметот граѓанско образование.

Горди сме што сите го слушнаа нашиот глас .

Деца сме, но верувајте ги знаеме граѓанските вредности .

Гласно ќе кажеме- ние децата на ООУ Дане Крапчев , се надминавме себеси , ги воодушевивме возрасните и им дадовме надеж да веруваат во нас –ние сме идните граѓани-водачи на оваа земја .

Сите ние, учениците и возрасните во училиштето – сме препознатливи по тоа што секогаш целиме високо напред.

Денес и возрасните признаа- ние децата можеме многу!

Радмила Гиевска