Загадениот воздух и децата

19.12.2019 11:07

Децата се особено чувствителни на загадување на воздухот затоа што дишат многу побрзо од возрасните , апсорбирајќи повеќе загадени материи. Некои од загадените материи содржат највисока концентрација на тлото, поблиску до земјата, а децата се малечки и поизложени на таа концентрација.

Околу 93 проценти деца во светот помлади од 15 години секојдневно дишат загаден воздух, а тоа може да има сериозни последици за нивното здравје и развој. Според податоците на Светска здравствена организација, во 2016 година поради акутни инфекции инфекции на долниот респираторен систем предизвикане од загаден воздух,  умреле 600 000 деца. Загадувањето на воздухот како последица на издувни гасови, индустриското производство, како и горење на отпадот може да влијае на нервниот развој кај децата, да доведе до појава на астма, канцер и зголемен ризик за разни хронични заболувања, како и до кардиоваскуларни во подоцнежниот период од животот.

Децата се особено чувствителни на загадување на воздухот затоа што дишат многу побрзо од возрасните , апсорбирајќи повеќе загадени материи. Некои од загадените материи содржат највисока концентрација на тлото, поблиску до земјата, а децата се малечки и поизложени на таа концентрација.

Според стручњаците на СЗО мозокот може да закржлавува поради загаден воздух, односно нема доток на кислород во крвта и во мозокот. Тие постојано апелираат до државите да се грижат за квалитетот на воздухот особено во урбаните средини.

Сзо ги подржува мерките и здравствените политики за преоѓање на автомобилската индустрија на почисти горива и технологија, енергетската ефикасност во становите и урбано планирање, за да се намали потрошувачката на штетни енергенси. Една од најважните работи е управувањето со отпадот. Од 95 до 98% од децата под 5 години во ниско и средно развиените земји се изложени на ПМ 2,5 честички над дозволеното ниво. Овие се микроскопски видливи честички и капки кои се толку ситни што веднаш се апсорбираат во крвотокот при вдишување, се вели во експертскиот извештај на СЗО. Не се поштедени ниту високо развиените земји. Таму 52% од децата дишат ПМ2.5 % честички над дозволеното ниво. Всушност повеќе од 40% од светската популација е изложено на загаден воздух со високи концентрации на токсични материи. Според  Организацијата на ОН пак,  91% од светската популација дише загаден воздух поради што од болести поврзани со тоа, годишно умираат 7 милиони луѓе.  Неколку македонски градови на чело со главниот град влегоа во групата на најзагадени меѓи првите на светската листа. Според најновите истражувања загадениот воздух има многу големо влијание на когнитивните функции кај луѓето особено кај децата. Опасноста се зголемува и во старост па може да се зголеми ризикот и за алцхајмер. Затоа загадениот воздух се смета за тивок убиец. Недостатокот на кислород и токсичните материи влијаат на целокупното човеково здравје.