Како да ги надминете кризите во диетите
На почетокот на диетата мора да бидете најсилни и најупорни. На телото му е потребно време да се прилагоди на новиот начин на живот, а особено на промените во исхраната. Периодот на адаптација е различен за секого и затоа не треба да очекувате инстантни резултати. Секогаш поставувајте реалистични цели, бидејќи ако поставите премногу високи цели, брзо ќе се соочите со недостиг на мотивација. А, мотивацијата е клучен дел од секоја програма за намалување на телесната тежина. Диетите во кои се прегладнувате не водат кон долгорочно слабеење, туку кон измачување.

На почетокот на диетата мора да бидете најсилни и најупорни. На телото му е потребно време да се прилагоди на новиот начин на живот, а особено на промените во исхраната. Периодот на адаптација е различен за секого и затоа не треба да очекувате инстантни резултати. Секогаш поставувајте реалистични цели, бидејќи ако поставите премногу високи цели, брзо ќе се соочите со недостиг на мотивација. А, мотивацијата е клучен дел од секоја програма за намалување на телесната тежина. Диетите во кои се прегладнувате не водат кон долгорочно слабеење, туку кон измачување. Со прегладнување предизвикувате повеќе негативни ефекти, вклучително и ослабување на имунолошкиот систем, недостиг од клучни хранливи материи и на крајот – конзумирање на мускулното ткиво. Сето ова може да предизвика бројни, сериозни болести. Доколку вашето тело нема доволно енергија за функционирање на виталните органи, нормално е да дојде до нарушување на здравјето. Започнете диета која вклучува многу овошје, зеленчук, мешункасти плодови и други корисни хранливи материи. Уживајте во храната што ја јадете, за да ги избегнете кризите. Ако во текот на диетата не сте доволно зафатени, сигурно ќе посегнете по брза храна и ќе го уништите целиот план. Преокупирајте се со други активности и ќе ви биде многу полесно да се справите со потребата за храна. Кога сте на диета мора да пиете многу вода. Покрај другите корисни ефекти на водата, таа може да предизвика чувство на ситост во моментите кога се соочувате со напади на глад. Секоја диета е побрза и поефикасна доколку е придружена со програма за вежбање. Доколку немате време за програма за вежбање, во најмала рака редовно одете на прошетки, по најмалку половина час, три пати неделно. Ако не се наградувате, многу брзо ќе ви снема мотивација. Секому му е потребна награда од време на време. Од време на време, почестете се со парче чоколадо, еден сладолед или козметички третман. Кога ќе се соочите со ненадеен напад на глад, јадете мал и нискокалоричен оброк. Овошјето е секогаш избор број 1 за ужинка помеѓу оброците. Никогаш не посегнувајте по слатки! Ако јадете помали оброци, тогаш нема да се прејадете за време на главниот оброк и нема да претерате со внесот на калории.
