ЕП со резолуција за оставка на премиерот на Малта
Мускат на почетокот од месецот под притисок на јавноста и протестите најави дека ќе поднесе оставка од функцијата на 12 јануари.

Европскиот парламент усвои резолуција во која се бара премиерот на Малта, Џозеф Мускат да поднесе оставка поради опасноста да ја загрози истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруане Галација.
„Настаните на Малта доведоа до сериозни и трајни закани за владеењето на правото, демократијата и основните права“, се истакнува во соопштението во кое се изразува и загриженост поради слободата на медиумите, независноста на полицијата и правосудниот систем.
Мускат на почетокот од месецот под притисок на јавноста и протестите најави дека ќе поднесе оставка од функцијата на 12 јануари. Каруана Галиција истражуваше случај на корупција, во кој беа вмешани и соработници на премиерот.
