Неуспешни преговори меѓу Украина и бунтовниците
Тема на средбата во Минск, Белорусија, на која учествуваа и претставници од Русија, беа условите по првичниот договор кој беше постигнат минатата недела во Париз.

Украина и сепаратистите коишто имаат поддршка од Русија не успеаја да постигнат договор за размена на заатвореници по неколкучасовните разговори за конфликтот во источна Украина.
Тема на средбата во Минск, Белорусија, на која учествуваа и претставници од Русија, беа условите по првичниот договор кој беше постигнат минатата недела во Париз.
На 9 декември, лидерот на Украина, Зеленски се сретна со лидерите на Русија, Франција и Германија коишто се согласија дека треба да заживее повторно мировниот процес, но не постигнаа напредок за главните прашања – временска рамка за локални избори во источна Украина и контрола на регионот кого го држат бунтовниците.
