Димитриев: Власта кочи закони од областа на безбедноста
Опозициската партија ќе поднесе измени на законот за одбрана и не се согласува со промената на името на армијата.
Власта свесно создаде вештачка криза за да не се донесат Закони од областа на безбедноста, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија ќе поднесе измени на законот за одбрана и не се согласува со промената на името на армијата.
„Ние реалноста не ја игнорираме, меѓутоа наша позиција како партија е таа реалност да ја промениме. Изборите се за неколку месеци, тоа прашање ќе биде отворено на изборите. Ние ќе побараме поддршка од граѓаните да имаме мнозинство, со кое таа состојба ќе биде променета. Затоа сметаме дека овие два- три месеци не треба работењето на парламентот да го обременуваме со прашања кои ќе ги одвојат власта и опозицијата“, изјави Димитриев.
Во однос на Преспанскиот договор, доколку обезбедиме мнозинство на изборите, ќе го промениме Уставот, изјави Димитриев.
