Петров:Ја вративме земјата на мапата на светот
Од владејачката партија додаваат дека патот по кој одиме е на половина до целта и има уште многу работа.
Македонија е економски стабилна, сигурна и безбедна држава. За само две ипол години направивме многу повеќе од 11-те години на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. Од владејачката партија додаваат дека патот по кој одиме е на половина до целта и има уште многу работа.
„Денес, сите ние можеме гордо да зборуваме за успесите кои ги постигнавме и тоа за само две и пол години. Денес ние со факти можеме да потврдиме дека 2,5 е повеќе од 11. Затоа што за само 2 и пол години направивме многу повеќе од 11-те години на ДПМНЕ. Факт е дека ја вративме нашата земја на мапата на светот. Денес светот зборува позитивно за нас и сите не посочуваат како блескав пример во регионот. Факт е дека нашите економски политики носат резултати и граѓаните ги чувствуваат придобивките“, изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ.
Денес, Македонија не е повеќе изолирана, затворена и скарана со соседите. Денес, живееме во безбедна и заштитена земја, земја со можности за младите, за сите, со огромна поддршка од страна на Владата во сите сектори- велат од владејачката партија.
