Скопје
Таксист прегази три девојчиња во Чаир
19.12.2019 14:11
Три малолетни девојчиња со повреди се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, откако такси возило претпладнево удрило во нив на улица „Христијан Тодоровски- Карпош“ во скопски Чаир...
Претпладнево таксист прегази три малолетни девојчиња во Чаир, кои се симнале од автобус. Едното со потешки повреди е префрлено на КАРИЛ, а другите две завршија на детска клиника. Девојчињата се на возраст од 12 и 13 години.
Во нив удрило возило „Пасат“. Несреќата се случила на улица „Христијан Тодоровски – Карпош“, а надлежните вршеа увид на местото.
