Русија

Годишна конференција на Путин, импичментот на Трамп неизбежна тема

19.12.2019 14:33

Путин е оптимист дека неговиот американски колега ќе остане на функција и покрај резултатот од гласањето во Претставничкиот дом.

Импичментот на Доналд Трамп неизбежна тема и на годишното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Тој е оптимист дека неговиот американски колега ќе остане на функција и покрај резултатот од гласањето во Претставничкиот дом.

15-тото издание на традиционалната прес- конференција почна со прашање за климатските промени. Путин елаборираше и на многу други теми, вклучувајќи ги и украинскиот конфликт, сообраќајната инфраструктура, и економијата.

За годинашниот настан се акредитирани рекордни 1.895 новинари. Првата конференција беше одржана од 2001 година, а во 2008-та најдолгата во времетраење 4 и пол часа.