Отворен македонскиот Kултурно-информативен центар во Истанбул

19.12.2019 14:38

Во годините што следуваат центарот ќе биде главно средиште за претставување на уметниците и проектите, изјави министерот за култура, Хусни Исмаили.

Отворен Културно- информативниот центар на Северна Македонија во Истанбул, Турција. Во годините што следуваат центарот ќе биде главно средиште за претставување на уметниците и проектите, изјави министерот за култура, Хусни Исмаили.

Тој потсети дека владите на двете земји и претходно потпишаа договор за основање и активности на културните центри, кој е резултат на големиот број проекти што се реализираа и кои со голема динамика ја продлабочија и ја унапредија билатералната соработка.

„Во согласност со договорот, Северна Македонија го доби просторот во зградата „Сејран“, која има статус на културно наследство и се наоѓа во централното градско подрачје, на плоштадот Таксим“, истакна министерот Исмаили.

Додаде дека Турција, пак, го доби на привремено користење од 10 години културното добро „Куршумли ан“, кое во овој период ќе биде и комплетно реставрирано.