Традиција

Посна трпеза во центарот на Прилеп за Свети Никола по 14-ти пат

19.12.2019 15:14

Прилеп ја продолжува традицијата за прославата на градскиот патрон, Свети Никола. Прославата, традиционално среде град е со благослови и со посна трпеза...

Со света литургија, благослови и со посна трпеза во центарот на градот, Прилеп по 14-ти пат, организирано го прослави својот патрон, Свети Никола. Прилепчани и нивните гости од другите градови со желби за заедништво, здравје и радост, убедени дека традицијата мора да се зачува.

Добрата мисла, заедништво и напредок посакаа домаќините и градските власти. За достојно одбележување на градската слава, четири прилепски здруженија и 60-ина жени приготвија речиси 70.000 мали посни сарми.

Нов домаќин на градската слава е фирмата „Футура“.

 

Елизабета Митреска