Рим

Премиерот Заев на Самит на ЦЕИ, охрабрување за политиката на проширување на ЕУ

19.12.2019 15:20

Нашиот приоритет останува да ги почнеме преговорите за пристапување што е можно поскоро, а донесувањето на одлука до март ќе создаде многу поволна динамика во нашата земја, изјави Заев...

Премиерот Зоран Заев на Самитот на Централно европската иницијатива во Рим порачал дека е огромно мнозинството на оние кои се уверени дека нашата земја требаше да ги почне преговорите со ЕУ како признание за вложените напори и постигнатите резултати во реформите.

Нашиот приоритет останува да ги почнеме преговорите за пристапување што е можно поскоро, а донесувањето на одлука до март ќе создаде многу поволна динамика во нашата земја, рекол претседателот на македонската влада.

Годинава Централно европската иницијатива слави 30- годишнина во исто време кога Северна Македонија станува 30-та членка на НАТО, достигнување кое е овозможено поради реалната посветеност за подобрување на добрососедските односи, инвестиции во градењето вистински партнерства, рече премиерот Заев во своето обраќање на самитот во Рим.