Инвестиција

Потпишан договор за изградба на фабрика на чешки „Локо транс“ во Скопје

19.12.2019 15:58

Потпишан е договорот за државна помош за чешката компанија „Локо транс“. Во земјава ќе инвестира до 20 милиони евра, во капацитет за производство на шински возила. Вложувањето треба да креира до 300 работни места во Скопје...

Чешката компанија „Локо транс“ го потпиша договорот за државна помош. Ќе гради фабрика за шински возила. Инвестицијата е вредна 20 милиони евра, ќе се вработат 300 луѓе. Сопственикот на компанијата, Карел Јалови веќе има план за проширување на бизнисот.

Фабриката треба да почне да се гради во првата половина од идната година, а планирано е да ги преземе работниците од велешка „Колска“. Новиот капацитет треба да биде готов за петнаесетина месеци. Надлежните очекуваат силен импулс врз економијата.

„Локо транс“ има капацитети во повеќе држави и ги покрива пазарите на Европа, на Блискиот Исток, Азија, и на Латинска Америка.

 

Дијана Ценевска