Агроеколошко зонирање

Земјоделците ќе добијат стручна проценка за култура да ја одгледуваат

20.12.2019 10:09

Со проектот на ФАО за агроеколошкото зонирање и информативен систем, кој е прв од ваков вид на Балканот, земјоделците треба да добијат стручна проценка за тоа која култура е најдобра за одгледување на нивните ниви. Сега фармерите поради климатските промени не се доволно запознати за мерките кои треба да ги преземат за да ги намалат штети во производстото и да ги зголемат приносите...

Според експертите допрва ќе доаѓаат уште понеповолни климатски состојби со оглед дека агроеколошките зони се поместуваат кон север. Ќе мора да се зајакнат базите на податоци и да се ангажираат сите капацитети за решевање на проблемот.

Најголеми загуби од климатските промени ќе има кај грозјето, пченицата, јаболката, пиперот и доматот, но и кај животните , особено каи овците и говедата. Производството на храна се намалува, сушата, градот и мразот предизвикуваат огромни штети, а земјоделците се уште не се доволно подготвени дека треба да се прилагодат на климатските промени.

За решавање на овие предизвици светската организација за храна, ФАО работи на проценка на земјишните ресурси, теренски и климатски карактеристики, и треба да даде приказ на производствените и економските капацитети на десетина земјоделски култури во различни географски региони во земјава.

Од 2015 година досега штетите од временските непогоди достигнале 100 милиони евра. Од нив на земјоделците им се исплатени 15 милиони за обезштетување.

 

Методија Трајков