ЛОНДОН

До 9-ти јануари ратификување на Договорот за Брегзит

20.12.2019 10:23

Конзервативците на британскиот премиер Борис Џонсон освоија големо мнозинство на изборите минатата недела така што не се очекува да се соочат со проблеми при ратификување на документот.

Британската Влада планира до 9-ти јануари да го ратификува договорот за Брегзит во Долниот дом. Пратениците денеска ќе почнат со дебати.

Конзервативците на британскиот премиер Борис Џонсон освоија големо мнозинство на изборите минатата недела така што не се очекува да се соочат со проблеми при ратификување на документот.

Вообичаено Горниот дом не ги блокира политиките што се содржани во изборната програма на Владата.