Актерката Силвија Стојановска во куќен притвор

20.12.2019 10:06

Според медиумите, приведувањата се поврзани со случај во кој е заплената поголема количина дрога...

Познатата македонска актерка, Силвија Стојановска вчера попладне беше изведена пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. Со неа било приведено уште едно лице.

Судот, на актерката и определил мерка куќен притвор, а другото лице оди во истражниот затвор во Шутка, откако доби 30-дневен притвор.

Двајцата имаат право на жалба до кривичниот совет. Според медиумите, приведувањата се поврзани со случај во кој е заплената поголема количина дрога.