Собрание

Завршува расправата за Предлог- буџетот за 2020 година

20.12.2019 10:41

Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,3 насто од БДП. Според Владата, во фокусот на буџетот е човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.

Во Собранието денеска треба да заврши расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година. Државната каса ќе тежи 3 милијарди и 897 милиони евра. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,3 насто од БДП. Според Владата, во фокусот на буџетот е човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.

За владеачката СДСМ, проекциите во буџетот се во согласност со растот на домашната економија и тој е во насока на фискална стабилизација.  Опозицијата го критикуваше предложениот буџет. Според нив тој е неразвоен и претставува преизборно купување на граѓаните. Според опозицијата, предложениот буџет ќе предизвика далекусежни последици врз економијата.

Расправата за Предлог-буџетот почна во понеделникот и согласно Деловникот за работа на Собранието, треба да заврши денеска. Предлог-буџетот се најде на пленарна седница откако претходно заврши аманданската расправа за него во матичната Комисија за финансирање и буџет.