Скопје до 2025-та ќе добие пречистителна станица за отпадни води
Скопје до 2025-та ќе добие пречистителна станица за отпадни води. Во неа ќе бидат инвестирани над 136 милиони евра, средства обезбедени од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка...
Со 10 милиони евра пари од Европската унија, Скопје ќе добие пречистителна станица, најголем инфраструктурен проект за заштита на животната средина. Според надлежните, ова ќе го реши проблемот со отпадните води, и е одговор на зголемувањето на бројот на населението, урбанизацијата и индустријализацијата.
Скопје е еден од неколкуте главни градови во Европа кои немаат пречистителни станици за отпадни води, велат од Европската банка за обнова и развој. Најголема корист станицата ќе обезбеди за реката Вардар.
Од јавното претпријатие велат дека се подготвени технички планови за реконструкција на целокупната водоводна мрежа.
На годишно ниво, пречистителна станица ќе третира 51,3 милиони кубни метри непреработена отпадна вода. Ќе покрие девет од 10-те скопски општини.
Дијана Ценевска
