СДСМ

До петок ќе се знае името на техничкиот премиер

20.12.2019 13:14

Следниот петок ќе заседава Централниот одбор на партијата, а претходно ќе се состане и Извршниот одбор, појасни Заев.

Кон крајот на следната недела ќе биде познато името на техничкиот премиер, најави претседателот на владата, Зоран Заев. Следниот петок ќе заседава Централниот одбор на партијата, а претходно ќе се состане и Извршниот одбор, појасни Заев.

„Од тактички причини одлуката ја одложивме за крајот на следната недела. Ќе не разберете затоа што овде се прави договор меѓу власта и опозицијата. Ние не би сакале да истрчуваме со какви било мерки. Имаме доволно време да размислиме. Се работи за избор на премиер за 100 дена“, изјави премиерот Заев.