Одбрана

Набавка на лесни оклопни возила од САД

20.12.2019 13:19

Набавката на возилата ќе се одива во две фази, а во првата која трае од 2019 до 2024 година треба да бидат набавени вкупно 151 возило.

Комисијата за одбрана и безбедност даде поддршка за набавка на лесни оклопни возила за Армијата. Договорот се однесува на набавка на 33 лесни оклопни борбени возила наменети за опремување на лесна пешадиска баталјонска група, која како членка на НАТО ќе је декларираме да биде на располагање на Алијансата и ќе учествува во НАТО операции.

Набавката на возилата ќе се одива во две фази, а во првата која трае од 2019 до 2024 година треба да бидат набавени вкупно 151 возило.

По поддршката од страна на собраниската комисија се очекува, владата на наредната седница на 24 декември да го склучи договорот со владата на САД.