ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе поднесе информација за енормното загадување на воздухот
Од партијата сметаат дека власта не презема конкретни мерки, а дека во земјава тешко се дише, потврдуваат извештаите од светските здравствени организации.
ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе поднесе информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух. Од партијата сметаат дека власта не презема конкретни мерки, а дека во земјава тешко се дише, потврдуваат извештаите од светските здравствени организации.
„Загрижувачки се и информациите кои кружат во јавноста и во медиумите, дека одредени мерни станици низ државата се исклучени или не функционеираат, а со тоа и граѓаните не можат да се инфрмираат за квалитетот на воздух и случајно или не власта не прави ништо за овие мерни станици да профункционираат“, изјави пратеникот Драган Данев.
Изјавите од власта, дека не се пробиени границите на загаденост и дека доколку тие граници се пробијат, ќе мораат да спроведуваат мерки се неискрени, бидејќи гледаме дека нивните мерки се само препораки до граѓаните, да останат дома и да не излегуваат надвор- велат од ВМРО-ДПМНЕ.
