РУСИЈА

Ликвидиран напаѓачот од Москва

20.12.2019 13:27

39-годишниот маж е поранешен чувар од Подолск, град јужно од Москва и дејствувал самостојно.

Специјалците го ликвидираа напаѓачот од Mосква кој со калашников усмрти еден припадник на Федералната служба за безбедност.

Пет лица се хоспитализирани. Пронајдени се граната и сомнителен ранец.

39-годишниот маж е поранешен чувар од Подолск, град јужно од Москва и дејствувал самостојно. Според руските медиуми, напаѓачот се занимавал со стрелаштво.