Венецуела ги прекина дипломатските односи со Панама
06.03.2014 10:14
Претседателот на Панама, го оцени потегот на Венецуела како изненадувачки...

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека неговата земја ги прекинала дипломатските односи со Панама, откако побарала состанок со земјите од Северна и Латинска Америка, поради протестите во Каракас.
Претседателот на Панама, го оцени потегот на Венецуела како изненадувачки, потенцирајќи дека сака Венецуела да пронајде мир и да ја зајакне својата демократија.
Во протестите во Венецуела коишто почнаа минатиот месец до сега загинаа најмалку 18 лица загинаа, а повеќе од 260 се повредени.
Претседателот Мадуро ги обвини САД дека стојат зад демонстрациите.
