Протест на граѓани пред Кривичен суд
Пред зградата на Кривичниот суд беа собрани повеќе граѓани, кои сакале да присуствуваат на денешното рочиште во знак на поддршка на обвинетите, но не им било дозволено да влезат во судницата.

Почетокот на денешното судење за уривањето на комплексот Космос, на инвеститорот Фијат Цановски, предметот „ТНТ“, беше одложено два часа за да можат адвокатите поставени по службена должност да извршат увид во предметот.
Пред зградата на Кривичниот суд беа собрани повеќе граѓани, кои сакале да присуствуваат на денешното рочиште во знак на поддршка на обвинетите, но не им било дозволено да влезат во судницата.
За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои екс министерот Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.
