„Сѐ што ни е заедничко“- изложба во Музејот на современа уметност
Во рамките на изложбата со свои дела, уметнички инсталации, видеа, скулптури, перформанс и фотографии ќе се претстават 12 уметници од земјава и светски признаени автори, кои денес изложуваат во сите водечки уметнички центри низ светот.

На 21-ви декември во Музејот на современа уметност во Скопје, се отвора изложбата „Сѐ што ни е заедничко“.
Во рамките на изложбата со свои дела, уметнички инсталации, видеа, скулптури, перформанс и фотографии ќе се претстават 12 уметници од земјава и светски признаени автори, кои денес изложуваат во сите водечки уметнички центри низ светот.
Музејот на современа уметност има за цел да ја прикаже актуелната уметничка сцена преку автори, кои се предводници на светската сцена, по прашања кои отвораат ангажирани тематики.
