СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нуди обнова на режимот
Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ е се уште заглавена во режимската матрица на криминал, закани, притисоци, а нејзини членови бранат лица обвинети дека нелегално рушеле објекти само заради одмазда.

Денешниот собир на видни партиски членови, активисти и пратенички од ВМРО-ДПМНЕ пред судот за поддршка за обвинетите во предметот „ТНТ“ е последниот доказ дека ништо не се менува во опозициската партија, велат од СДСМ.
Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ е се уште заглавена во режимската матрица на криминал, закани, притисоци, а нејзини членови бранат лица обвинети дека нелегално рушеле објекти само заради одмазда.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бранат криминалци, продолжуваат да работат против правдата. Нивната единствена понуда е обнова на режимот и одбрана на криминалот- се вели во соопштението на СДСМ.
