САД

Пентагон: Саудиските војници не се закана

20.12.2019 14:16

ФБИ извести дека 21-годишниот потполковник Мохамед Саед Алшамрани дејствувал сам во нападот врз морнарицата во Пенсакола.

Пентагон тврди – војниците од Саудиска Арабија кои се на обука во САД не се закана за националната безбедност. Извршена е проверка на 850 војници откако припадник на саудиските воздухопловни сили уби три лица во воената база на Флорида.

ФБИ извести дека 21-годишниот потполковник Мохамед Саед Алшамрани дејствувал сам во нападот врз морнарицата во Пенсакола.

Пред инцидентот, тој на Твитер објавил непријателски пораки кон САД, нарекувајќи ги „земја на злото“.