Панел дискусија- Како да се вратиме дома?
Искуството на Германија покажува дека за да се спречи иселувањето пресудни се квалитетот на образовниот систем, перспективите за вработување, но и грижата за животната средина. Според истражувањата на невладините организации, секое иселување на млад човек ја чини земјата скоро 15.000 евра годишно, а за секој високообразуван граѓанин се вложуваат околу 30.000 евра...
Причините да се вратам дома откако неколку пати студирав во странство и работев се да ги променам работите во земјава и да им дадам надеж на илјадници млади луѓе да имаат верба во институциите и во општеството, вели Ана Алибегова. Таа е редок пример кој му пркоси на трендот на масовно иселување од земјава. Сега е невладин активист. Вели, државата треба да направи напори да им создаде услови за напредок на младите овде.
Според Анита Николовска од Мрежата за спречување на одлив на мозоци, не е доволно само граѓанскиот сектор да се занимава со оваа проблематика.
Германија е една од ветените земји. Заменик- амбасадорот ги посочи квалитетот на образованиот систем, перспективите за вработување, како и грижата за заштита на животната средина, како дел од факторите кои би придонеле да сопре трендот на иселувањето.
Претседателот Пендаровски појасни дека доколку би бил млад и тој на сличен би размислувал како младите, ако перспективата за ЕУ и НАТО би била неизвесна.
Според истражувањата на граѓанскиот сектор, секое иселување на млад човек ја чини државата речиси 15.000 евра годишно, а за целосно образование, од основно до високо образование на еден македонски државјанин во просек општеството вложува и до 30.000 евра.
Игор Панов
